Турција

Анадолу го објави Алманахот 2025 и историскиот Годишник 1925

Во Алманахот 2025 во издание на АА Books објавен на 10 јануари, по повод Денот на вработените новинари во Турција, се прикажани најзначајните настани од изминатата година по хронолошки редослед

Fatma Sevinç Çetin  | 27.01.2026 - Обновена : 27.01.2026
Анадолу го објави Алманахот 2025 и историскиот Годишник 1925

ИСТАНБУЛ (АА) – Анадолу го објави својот Алманах 2025 на турски, англиски и арапски јазик, како и посебно издание посветено на клучните настани од 1925 година, во раните години на Република Турција.

Во Алманахот 2025 во издание на АА Books објавен на 10 јануари, по повод Денот на вработените новинари во Турција, се прикажани најзначајните настани од изминатата година по хронолошки редослед, комбинирајќи вести, анализи, фотографии и инфографици.

Во изданието се опфатени израелските напади врз Газа и хуманитарната криза, случувањата во Сирија, природните катастрофи како шумските пожари, земјотреси и поплави, како и економските и социјалните последици од климатската криза.

Исто така претставени се и брзиот развој на вештачката интелигенција, избрани поткаст-проекти на Анадолу, како и културните и уметничките достигнувања во текот на годината.

На корицата на Алманахот се наоѓа фотографија снимена од фоторепортерите на Анадолу, која претседателот Реџеп Таип Ердоган ја прикажа за време на своето обраќање пред 80. Генерално собрание на ОН, со цел да го илустрира гладот во Газа.

Англиското и арапското издание, исто така, ги прикажуваат најважните настани од годината и содржат QR-кодови кои водат до дополнителна дигитална содржина.

- Годишник 1925 -

Покрај Алманахот 2025, Анадолу го објави и Годишникот 1925, подготвен врз основа на архивите на агенцијата и примарни историски извори.

Книгата го анализира периодот во кој се формирале политичките, социјалните и економските структури на новата Република. Таа ги опфаќа настаните како востанието на Шеик Саид, Законот за одржување на редот, работата на судовите за независност, затворањето на Прогресивната републиканска партија, како и реформите во облекувањето и верските установи.

Изданието се осврнува и на раните достигнувања во авијацијата и индустријата, вклучувајќи го летот на Веџихи Хуркуш со првиот авион произведен во Турција, основањето на Турската воздухопловна асоцијација и почетоците на одбранбената индустрија.

Покрај домашните настани, книгата ги обработува и значајните меѓународни случувања од тоа време, како договорите од Локарно и случајот „Скоупс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.