Турција

Алтун: „Ерменските наводи се клевета што се храни со политички пресметки“

- „Се соочуваме со реторика која, искривувајќи го заедничкото минато, се обидува да ги скара турскиот и ерменскиот народ, кои со векови живееја во мир“, изјави шефот на Директоратот за комуникации на Претседателството на Турција, Фахретин Алтун

Mehmet Tosun   | 20.04.2021
Алтун: „Ерменските наводи се клевета што се храни со политички пресметки“

АНКАРА 

„Се соочуваме со реторика која, искривувајќи го заедничкото минато, се обидува да ги скара турскиот и ерменскиот народ, кои со векови живееја во мир“, изјави шефот на Директоратот за комуникации на Претседателството на Турција, Фахретин Алтун, јавува Агенција Анадолија (АА).

Алтун зборуваше на Меѓународната конференција за настаните од 1915 година, што е организирана од страна на Директоратот за комуникации на Претседателството на Турција.

Во воведниот говор напомена дека оваа конференција ќе придонесе за откривање на вистината.

Говорејќи дека претходниот век бил посебен период што сведочел на пресвртните моменти во историјата, Алтун истакна дека светските војни, срушените царства, променетите граници и развиената демократија се пресвртници на 20 век.

„Промената на навиките, границите, начините на управување беше болна. Трагедиите што се случуваа во речиси секој регион на светот, не се испишани само во историските книги туку се пренесуваа од колено на колена како бајки. Некои од нив ја прекинаа нишката со вистината и станаа митови“, изјави Алтун.

Тој напомена дека во текот на 20 век, како резултат на Првата светска војна дошло до распаѓање на трите големи империи, додавајќи дека Османлиското Царство, Австроунгарското и Руското Царство поминувале низ болни процеси.

Алтун истакна дека во Првата светска војна се бореле 65 милиони војници, а дека загинале 38 милиони цивили и војници, што без сомнеж претставува голема загуба за сите земји во однос на бројот на жителите на светот во тој период.

Фахретин Алтун изјави дека турскиот народ во тоа време на многу фронтови се борел херојски.

„Османлиското Царство во последниот период се бореше со неверојатни потешкотии. Водевме жестоки борби во Чанаккале, Кавказ, Хиџаз, Палестина, Ирак. За време на Првата светска војна која, вклучувајќи го и Османлиското Царство, доведе до превирања на сите фронтови, жителите на Анадолија доживуваа големи трагедии. Ерменските трупи што соработуваа со непријателските сили им забија нож во грбот на нашите војници кои се бореа против руските сили“, раскажа Алтун.

Тој порача дека во судирите во Источна Анадолија загинале десетици илјади Турци и Ерменци, по што жителите на Османлиското Царство, кои беа со ерменско потекло, ги штителе трупите кои соработувале со непријателските сили и ги напаѓале цивилите протерани во Сирија, која во тој период беше дел од Османлиското Царство.

„За време на овие безбедносни мерки, под условите на војната која сè уште траеше, за жал се случија и непријатни сцени. Забележани се загуби и на турската и на ерменската страна. Овие настани создадоа подлога за дискусии, па дури и клевети кои стигнаа до денес“, изјави Алтун.

Тој изјави дека Република Турција ја чувствува болката поради трагедиите што се случија за време на примената на Законот за прогон/депортација, што е донесен за време на Османлиското Царство.

Тој ги напомена зборовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој смета дека обединувањето на Турција е возможно само со обединувањето за време на жалоста и радоста.

„Се соочуваме со реторика, која искривувајќи го заедничкото минато, се обидува да го скара турскиот и ерменскиот народ, кои со векови живееја во мир. Се спротивставуваме на таквата реторика. Ниту една трагедија што се случи на тлото на оваа земја не ја сметаме за поважна од другите. Многу добро знаеме дека луѓето во оваа земја без оглед на верата, етничката припадност, нацијата и минатото, со векови живееја како браќа“, изјави Алтун.

Шефот на Директоратот за комуникации изјави дека приказните за настаните од 1915 година се протегаат подолго од 100 години.

„Некои се обидуваат овие настани да ги сместат на политичката и идеолошката подлога, што би ја користеле како империјалистичко средство. Донесувањето на одлуките за историските настани нема ниту еден парламент да го направи демократски, напротив, тоа ги прави наметливи и насилни. Трагедиите што се случија за време на историјата, на денешните политичари им служат како средства за остварување на интересите, а тоа е најголемо непочитување кон жртвите и нивните страдања“, додаде Алтун.

Зборувајќи за тврдењата за т.н. „геноцид над Ерменците“, Алтун истакна „Станува збор за клевета што се храни со политичките пресметки и што нема никаква поврзаност со реалноста. Тоа е емоционално, ирационално и нелегитимно обвинување.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın