Формула 1: Макс Верстапен победник на трката во Монте Карло
Верстапен го одбрани минатогодишниот триумф на оваа патека и во остатокот од сезоната ја брани титулата актуелен шампион во Формула 1

АНКАРА (АА) - Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на денешната трка во Формула 1, која се возеше на секогаш предизвикувачката патека во Монте Карло, со што дополнително ја зацврсти својата водечка позиција на табелата, јавува Анадолу.
Верстапен го одбрани минатогодишниот триумф на оваа патека и во остатокот од сезоната ја брани титулата актуелен шампион во Формула 1.
Втор денес беше Фернандо Алонсо во болидот на Астон Мартин, а Естебан Окон во болидот на Алпин Рено се искачи на подиумот како третопласиран како најголемо изненадување на трката.
Поради законите за даноци, Монако е дом на многу возачи, вклучително и денешниот победник Верстапен.
Станува збор за трка со богата историја и неколку интересни работи поради што секоја година привлекува големо внимание кај љубителите на овој спорт. Потребни се шест недели за да се подготви уличната патека, а три недели да се врати во нормален сообраќај по трката. Патеката е многу тесна и не простува грешки, а легендарниот возач во Формула 1, Нелсон Пике, го спореди возењето на оваа патека со возење велосипед во дневната соба.
Верстапен и понатаму е прв на табелата на возачи со 144 бода, пред тимскиот колега Серхио Перез кој има 105, додека Алонсо е трет со 93 бода.
Оракл Ред Бул Рејсинг убедливо води на табелата за конструктори пред Астон Мартин и Мерцедес.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.