спорт

Викендов се вози трката за Големата награда на Австрија во Формула 1

- Возбудувањатаџа на Светското првенство во Формула 1 ќе продолжат со Големата награда на Австрија, 11. трка оваа сезона

Selçuk Buğra Gökalp  | 27.06.2025 - Обновена : 27.06.2025
Викендов се вози трката за Големата награда на Австрија во Формула 1

АНКАРА (АА) - Возбудувањата на Светското првенство во Формула 1 ќе продолжат со Големата награда на Австрија, 11. трка оваа сезона, известува Анадолу.

На трката што ќе се одржи на патеката „Ред бул ринг“ долга 4,32 километри, ќе се возат 71 круг. Квалификациските кругови ќе започнат утре во 16:00 часот по средноевропско време, а стартот на трката е закажан за недела во 15:00 часот.

Од почетокот на оваа сезона, возачите на Мекларен постигнаа 7 победи, 5 пати победи Оскар Пјастри, Ландо Норис 2 пати, актуелниот шампион, возачот на Ред бул, Макс Верстапен, победи на 2 трки, додека возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, извојува една победа.

Листа на првите 5 возачи и тимови во пресрет на Големата награда на Австрија:


- Возачи:

1. Оскар Пјастри (Австралија): 198 поени

2. Ландо Норис (Велика Британија): 176

3. Макс Верстапен (Холандија): 155

4. Џорџ Расел (Велика Британија): 136

5. Шарл Леклер (Монако): 104



- Тимови:

1. Мекларен: 374

2. Мерцедес: 199

3. Ферари: 183

4. Ред бул: 162

5. Вилијамс: 55


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.