Тенискиот турнир во Вимблдон ќе се одржи следната сезона
Поради епидемијата, Вимблдон оваа година беше откажан како гренд-слем турнир, додека Отвореното првенство на Франција се одржа подоцна

АНКАРА (АА) - Тенискиот турнир во Вимболдон ќе се одржи следната сезона под сите услови за заштита од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на организацијата за одржување на тенискиот турнир се наведува дека на маса се три опции и дека ќе се донесе одлука за една од нив.
Соодветно на тоа, ако следната година епидемијата на коронавирусот (Ковид-19) не заврши, тогаш на одлуката за иднината на турнирот ќе влијае стапката на ширење на вирусот во летните месеци.
Опциите се целосно отворање на трибините, ограничување на бројот на гледачи или пак натпревари без гледачи на трибините.
Поради епидемијата, Вимблдон оваа година беше откажан како гренд-слем турнир, додека Отвореното првенство на Франција се одржа подоцна.