По синоќешните 15 реванш-натпревари познати сите учесници на осминафиналето во УЕФА Лига Европа
Во осминафиналето на Лига Европа, покрај Тотенхем се пласираа Славија Прага, Милан, Манчестер Јунајтед, Рома, Динамо Киев, Олимпијакос, Динамо Загреб, Јанг Бојс, Ајакс, Арсенал, Шахтјор Донецк, Вилареал, Ренџерс, Гранада и Молде.

ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа реванш-натпреварите од 16-финалето на УЕФА Лига Европа во фудбал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во второто по важност фудбалско клупско натпреварување, УЕФА Лига Европа, синоќа се одиграа 15 реванш-натпревари од 16-финалето. Натпреварот меѓу Тотенхем и Волфсберг се одигра во средата, а Тотенхем победи со 4:0.
Лестер Сити на домашен терен ја пречека Славија Прага. Гостите беа поуспешни и со 0:2 го совладаа домаќинот, па на тој начин изборија пласман во осминафиналето на Лига Европа.
- Милан избори пласман во осминафиналето
Екипата на Милан на домашен терен ја пречека екипата на Црвена Sвезда. Натпреварот заврши без победник - 1:1, но пласман во осминафиналето избори Милан бидејќи на гостувањето во Белград натпреварот заврши со 2:2, што на Милан му даде предност од постигнат гол повеќе на гостински терен.
Манчестер Јунајтед на домашен терен против Реал Сосиедад одигра без погодоци - 0:0, но благодарение на високата победа на гости од 0:4 избори пласман во осминафиналето на Лига Европа.
Рома на домашен терен ја пречека екипата на Брага. Домаќините славеа со 3:1 и се пласираа во наредното коло.
Динамо Киев извојува победа од 0:1 на гостувањето во Клуб Бриж и се пласира во осминафиналето.
Покрај овие екипи, за пласман во осминафиналето на УЕФА Лига Европа се изборија и Олимпијакос, Динамо Загреб, Јанг Бојс, Ајакс, Арсенал, Шахтјор Донецк, Вилареал, Ренџерс, Гранада и Молде.
Резултати од синоќа одиграните средби:
Лестер Сити - Славија Прага 0:2
Милан - Црвена Sвезда 1:1
Клуб Бриж - Динамо Киев 0:1
Манчестер Јунајтед - Реал Сосиедад 0:0
Рома - Брага 3:1
Баер Леверкузен - Јанг Бојс 0:2
Динамо Загреб - Краснодар 1:0
ПСВ - Олимпијакос 2:1
Ајакс - Лил 2:1
Наполи - Гранада 2:1
Шахтјор Донецк - Макаби Тел Авив 1:0
Ренџерс - Антверпен 5:2
Арсенал - Бенфика 3:2
Хофенхајм - Молде 0:2
Вилареал - Салцбург 2:1