спорт

Оскар Пјастри победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Мајами

- Возачот на тимот на Мекларен, Австралиецот Оскар Пјастри, ја освои Големата награда на Мајами, победувајќи во шестата трка оваа сезона на Светското првенство во Формула 1,

Selçuk Buğra Gökalp  | 05.05.2025 - Обновена : 05.05.2025
Оскар Пјастри победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Мајами

АНКАРА

Возачот на тимот на Мекларен, Австралиецот Оскар Пјастри, ја освои Големата награда на Мајами, победувајќи во шестата трка оваа сезона на Светското првенство во Формула 1, известува Анадолу.

Трката се одржа на автодромот „Мајами“ на патеката долга 5.412 метри, а возачите се натпреваруваа кој најбргу ќе ги извози зададените 57 круга.

Пјастри ја извојува победата со време од 1 час, 28 минути, 51 секунда и 587 делови од секундата, постигнувајќи ја својата 4-та победа оваа сезона.

Ландо Норис, неговиот тимски колега од Велика Британија, го освои второто место со заостанување од 4,63 секунди зад Пјастри, додека возачот на Мерцедес, Британецот Џорџ Расел, ја заврши трката трет, заостанувајќи 37,644 секунди зад победникот.

На 18 мај во Италија ќе се вози трката за Големата награда на Емилија-Ромања, седма по ред оваа сезона.

Пласман на првите 5 возачи и тимови по трката во Мајами:


- Возачи

1. Оскар Пјастри (Австралија) 131 бод

2. Ландо Норис (Велика Британија) 115

3. Макс Верстапен (Холандија) 99

4. Џорџ Расел (Велика Британија) 93

5. Шарл Леклер (Монако) 53.



- Тимови

1. Мекларен 246

2. Мерцедес 141

3. Ред Бул 105

4. Ферари 94

5. Вилијамс 37.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.