Норвешкиот фудбалер Фредрик Мидсјо потпиша договор со Галатасарај
Норвешкиот фудбалер Фредрик Мидсјо потпиша тригодишен договор со годишна нето заработка од 975.000 евра
ИСТАНБУЛ (АА) - Норвешкиот фудбалер Фредрик Мидсјо нов член на турскиот прволигаш Галатасарај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на истанбулскиот клуб е наведено дека постигнат договор со „АЗ Алкмар“ околу трансферот на 28-годишниот фудбалер.
Наведено е исто така дека на „АЗ Алкмар“ за норвешкиот фудбалер ќе им биде исплатена отштета во вредност од 3,5 милиони евра.
Мидсјо со 'жолто-црвените' од Истанбул потпиша тригодишен договор со годишна нето заработка од 975.000 евра.