спорт

НБА лига: Бостон Селтикс стигна до својата 18. шампионска титула

Селтикси до големата победа ги водеа Џејсон Тејтум со 31 поен, осум скока и 11 асистенции и Џејлен Браун, кој постигна 21 кош со осум скока и шест асистенции

Dejan Maksimovic  | 18.06.2024 - Обновена : 19.06.2024
НБА лига: Бостон Селтикс стигна до својата 18. шампионска титула

БОСТОН (АА) – Кошаркарите на Бостон Селтикс со синоќешниот триумф против Далас Маверикс во петтиот натпревар од финалната серија стигнаа до 4:1 и со тоа до 18. титула шампиони на НБА во клупската историја, јавува Анадолу.

Селтикси одиграа феноменален натпревар во својот „ТД Гарден“ и не им дадоа можност на Лука Дончиќ и соиграчите да ја однесат финалната серија во неизвесност. На крајот на петтиот натпревар од финалето на НБА, резултатот беше убедливи 106:88 за Бостон и славењето во „ТД Гарден“ можеше да почне.

Селтикси до големата победа ги водеа Џејсон Тејтум со 31 поен, осум скока и 11 асистенции и Џејлен Браун, кој постигна 21 кош со осум скока и шест асистенции.

На другата страна, стандардно најдобар играч беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој постигна 28 поени, имаше 12 скока и пет асистенции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın