НБА: Лејкерси загубија од Јута Џез, а Џеди Осман и Кливленд го совладаа Хјустон
- Лидерот на Западната конференција, екипата на Јута Џез, го совлада силниот противник Лос Анџелес Лејкерс со 25 поени разлика.
ИСТАНБУЛ
Екипата на Кливленд Кавалирс, во која настапува турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, во натпревар на американската Национална кошаркарска лига (НБА) со резултат 112:96 го совлада Хјустон Рокетс, известува Агенција Анадолија (АА).
Џеди на овој натпревар одигра 21 минута, постигнувајќи 7 поени, 8 скока и 2 асистенции.
Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Лидерот на Западната конференција, екипата на Јута Џез, го совлада силниот противник Лос Анџелес Лејкерс со 25 поени разлика.
Во редовите на Џез 6 играчи постигнаа двоцифрен број поени. Руди Гоберт постигна 18 поени, 9 скока, Бојан Богдановиќ постигна 15 поени, 2 скока, 2 асистенции, Мајк Конли постигна 14 поени, 8 скока, 8 асистенции, Донован Мичел постигна дабл-дабл учинок од 13 поени, 10 скока, а Дерик Феjворс постигна 12 поени, 7 скока и дадоа голем придонес во победата на Јута.
Во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс постигна 19 поени, 4 скока, 4 асистенции, Монтрезл Харел постигна 16 поени, 6 скока, додека Маркиф Морис постигна 12 поени, 9 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне високиот пораз од Јута Џез.
- Резултати
Јута Џез - Лос Анџелес Лејкерс 114:89
Индијана Пејсерс - Голден Стејт Вориорс 107:111
Атланта Хоукс - Бостон Селтикс 127:112
Кливленд Кавалирс - Хјустон Рокетс 112:96
Мајами Хит - Торонто Репторс 116:108
Чикаго Булс - Минесота Тимберволвс 133:126
Њу Орлеанс Пеликанс - Детроит Пистонс 128:118
Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс 102:99
Феникс Санс - Шарлот Хорнетс 121:124