спорт

НБА: И покрај 19-те поени на Џеди Осман, Кавалирс загуби од Меџик

Расел Вестбрук против Лејкерс постигна трипл-дабл од 18 поени, 18 скока, 14 асистенции и се запиша во историјата на НБА како прв кошаркар кој во три сезони на 30 и повеќе натпревари постигнал трипл-дабл.

Abdullah Tevge   | 29.04.2021
НБА: И покрај 19-те поени на Џеди Осман, Кавалирс загуби од Меџик

ИСТАНБУЛ 

Синоќа се одиграа 10 натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Во Источната конференција тимот на Кливленд Кавалирс на домашен терен загуби од Орландо Меџик, известува Агенција Анадолија (АА).

Кај победничката екипа Гери Херис постигна 19 поени, 7 асистенции, 6 скока, Кол Ентони на натпреварот постигна 18 поени, 4 скока, а Чума Океке постигна 18 поени, 3 скока, 3 асистенции.

Во редовите на Кавалирс, Дариус Гарланд постигна дабл-дабл со 25 поени, 10 скока, а турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман за 32 минути поминати на паркетот постигна 19 поени, 4 скока, 3 асистенции.


- Севентисиксерси со 44 поени разлика го совладаа Хоукс

Тимот на Филаделфија Севентисиксерс со 127:83 на домашен терен ја совлада Атланта Хоукс. Со оваа победа Севентисиксерс го загарантира учеството во плејофот.

Најпрецизни кај Севентисиксерс беа Сет Кари со 20 поени, 3 скока и Тобајас Херис и Џоел Ембид со по 17 поени и 7 скока. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз на оваа средба постигна 12 поени, 1 скок.


- Санс по 11 години повторно во плејофот

Екипата на Феникс Санс на домашен терен со резултат 109:101 го совлада Лос Анџелес Клиперс и по 11 години избори пласман во плејофот на НБА.

Кај Санс најдобар перформанс прикажа Крис Пол со дабл-дабл од 28 поени, 10 асистенции, а Девин Букер постигна 21 поен.

Во редовите на Клиперс, Пол Џорџ постигна дабл-дабл од 25 поени, 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.


- Вестбрук од Визардс со трипл-дабл влезе во историјата на НБА

На натперварот во кој Вашингтон Визардс на домашен терен го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 116:107, Расел Вестбрук со трипл-дабл од 18 поени, 18 скока, 14 асистенции се запиша во историјата на НБА како прв кошаркар кој во три сезони на 30 и повеќе натпревари постигнал трипл-дабл.

Освен тоа, Вестбрук во текот на својата кариера 176 пати постигнал трипл-дабл, со што се доближи на чекор до Оскар Робертсон кому тоа му успеало на 181 натпревар.


Резултати

Кливленд Кавалирс - Орландо Меџик 104:109

Филаделфија Севентисиксерс - Атланта Хоукс 127:83

Њујорк Никс - Чикаго Булс 113:94

Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 120:111

Вашингтон Визардс - Лос Анџелес Лејкерс 116:107

Мајами Хит - Сан Антонио Спарс 116:111

Мемфис Гризлис - Портланд Треил Гризлис 109:130

Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс 114:112

Феникс Санс - Лос Анџелес Клиперс 109:101

Сакраменто Кингс - Јута Џез 105:154




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın