спорт

Матие: „Нејмар ја напушти Барселона поради Меси“

Жереми Матие, поранешниот одбранбен играч на Барселона, а денес на лисабонскиот Спортинг, смета дека Нејмар заминал во Париз Сен Жермен за да излезе од сенката на Лионел Меси

Dejan Maksimovic  | 21.09.2017 - Обновена : 22.09.2017
Матие: „Нејмар ја напушти Барселона поради Меси“

Lisabon

ЛИСАБОН (АА) - Жереми Матие, поранешниот одбранбен играч на Барселона, а денес на лисабонскиот Спортинг, смета дека Нејмар заминал во Париз Сен Жермен за да излезе од сенката на Лионел Меси, пренесува Anadolu Agency (AA).

Бразилскиот фудбалер летово се пресели од Барселона во Париз за рекордно обештетување од 222 милиони евра. Нејмар има брилијантен почеток во дресот на ПСЖ, каде што во шест натпревари оствари по пет голови и асистенции.

Матие, кој ја напушти Барселона еден месец пред Нејмар, смета дека Бразилецот си отишол од Барса да го престигне Меси и да ја освои Златната топка.

„Во ниту еден момент луѓето не помислуваа дека ќе ја напушти Барселона. Но, тоа е фудбал, тоа е негова одлука. Мое мислење е дека тој ја напушти Барса бидејќи беше зад Меси. Мислам дека сака да ја освои Златната топка и во моментов е среќен во Париз, бидејќи постигнува голови“, рече францускиот фудбалер.

Матие смета дека Меси е најдобриот фудбалер во светот, без оглед што многумина сметаат дека во моментот тоа е Португалецот Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона.

„Не го познавам Роналдо лично, но тие се два различни типови на играчи. И двајцата имаат свој стил. Меѓутоа, го познавам Меси и знам колку добар играч е, најдобар“, истакна Матие.

Искусниот 33-годишен дефанзивец кариерата ја започна во Сошо и продолжи во Тулуз. Тој од Франција се пресели во Шпанија во 2009 година, кога потпиша за Валенсија. По пет години во редовите на „лилјаците“, тој се пресели во Барселона, која ја напушти ова лето и се премина во Спортинг , во Лисабон. Матие во дресот на репрезентацијата на Франција имаше пет настапи. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın