спорт

Елиф Елмаз на листата на УЕФА со 50-те најголеми таленти во Европа

Меѓу најдобрите 50 фудбалери на возраст до 21 година е репрезентативецот на Северна Македонија, Елиф Елмас, кој пред неколку дена оствари трансфер од турски Фенербахче во италијанскиот клуб Наполи

Bakir Tiro  | 31.07.2019 - Обновена : 01.08.2019
Елиф Елмаз на листата на УЕФА со 50-те најголеми таленти во Европа

НИОН (АА) - На годишната листа на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на 50 најголеми таленти кои настапуваат на тлото на Стариот Континент се најдоа и пет играчи од регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Меѓу најдобрите 50 фудбалери на возраст до 21 година е репрезентативецот на Северна Македонија, Елиф Елмас, кој пред неколку дена оствари трансфер од турски Фенербахче во италијанскиот клуб Наполи. Во одбраното друштво се и Дејан Јовељиќ (Србија, Ајнтрахт Франкфурт), Страхиња Павловиќ (Србија, Партизан Белград) и Хрватите Јосип Брекало (Волфсбург) и Никола Влашиќ (ЦСКА Москва).

Од играчите кои настапуваат во националните лиги од регионот, УЕФА во најголемите таленти во сезоната 2019/2020 ги вклучи и Шпанецот Дани Олмо, фудбалер на Динамо Загреб.

Списокот на УЕФА со 50 најдобри фудбалери до 21 година се: Јунус Акгун (Турција, Галатасарај), Беноит Бадијашиле (Франција, Монако), Јосип Брекало (Хрватска, Волфсбург), Риан Брустер (Англија, Ливерпул), Самуел Чуквеузе (Нигерија, Виљареал), Кевин Дансо (Австрија, Аугсбург), Алфонсо Дејвис (Канада, Баерн), Муса Диаби (Франција, Леверкузен), Денис Драгус (Романија, Виторул), Карел Аитинг (Холандија, Ајакс), Јирген Екеленкамп (Холандија, Ајакс), Елиф Елмас (Северна Македонија, Наполи), Фабио Силва (Португалија, Порто), Гедсон Фернандез (Португалија, Бенфика), Јанис Хаги (Романија, Генк), Амаду Хаидара (Мали, Лајпциг), Ерлинг Браут Халанд (Норвешка, Салцбург) , Адам Хложек (Чешка, Спарта Прага), Мухамед Ихатарен (Холандија, ПСВ), Џоване Кабрал (Зеленортски Острови, Спортинг), Дејан Јовељиќ (Србија, Ајнтрахт Франкфурт), Озан Кабак (Турција, Шалке), Ибрахим Конате (Франција, Лајпциг), Алекс Крал (Чешка, Славија Прага), Хвича Кваратскелиа (Грузија, Рубин), Џакоб Брун Ларсен (Данска, Борусија Дортмунд), Ренан Лоди (Бразил, Атлетико Мадрид), Шон Лонгстаф (Англија, Њукасл), Арне Мајер (Германија, Херта), Дониел Мален (Холандија, ПСВ), Иван Облјаков (Русија, ЦСКА Москва), Дани Олмо (Шпанија, Динамо Загреб), Андреас Сков Олсен (Данска, Болоња), Страхиња Павловиќ (Србија, Партизан Белград), Лука Пелегрини (Италија, Јувентус), Денис Попов (Украина, Динамо Киев), Рикард Пуиг (Шпанија, Барселона), Марко Рихтер (Германија, Аугсбург), Родриго (Бразил, Реал Мадрид), Ромарио Баро (Португалија, Порто), Матвеј Сафонов (Русија, Краснодар), Вилијам Салиба (Франција, Арсенал), Исмаил Сар (Сенегал, Рен), Хавер Шлагер (Австрија, Волфсбург), Тијаго Дантас (Португалија, Бенфика), Сандро Тонали (Италија, Бреша), Феран Торес (Шпанија, Валенсија), Георгиј Цитаишвили (Украина, Динамо Киев), Никола Влашиќ (Хрватска, ЦСКА Москва) и Ѓувен Јалчин (Турција, Бешикташ).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın