спорт

Бастијан Швајнштајгер ја заврши својата фудбалска кариера

„Збогувањето како активен играч, прави да се чувствувам малку носталгичен, но исто така ги очекувам возбудливите предизвици кои ме очекуваат наскоро“

Muhammed Enes Çallı   | 09.10.2019
Бастијан Швајнштајгер ја заврши својата фудбалска кариера

АНКАРА (АА) - Германскиот играч од средниот ред, Бастијан Швајнштајгер, ја заврши професионалната фудбалска кариера на 35-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).

Швајнштајгер го најави крајот на својата кариера синоќа, преку социјалната мрежа Твитер.

„Збогувањето како активен играч, прави да се чувствувам малку носталгичен, но исто така ги очекувам возбудливите предизвици кои ме очекуваат наскоро“, напиша фудбалерот.

„Ќе останам верен на фудбалот. Големо благодарам за времето што го поминавме заедно, секогаш ќе имам место за вас во моето срце“, додаде тој.

Швајнштајгер оствари 500 настапи за бундеслигашкиот клуб Баерн Минхен помеѓу 2002 и 2015 година, со легендарни 68 гола и 100 асистенции.

Тој доби осум титули во Бундеслигата и седум германски пехари со Баерн, покрај титулата во Лигата на шампионите во 2013 година.

Швајнштајгер во 2015 година се приклучи на шампионот на Премиер лигата, Манчестер јунајтед, постигнувајќи два гола на 35 натпревари.

Откако го напушти англискиот клуб, Швајнштајгер потпиша договор со Чикаго фајр во март 2017 година.

Тој му помогна на својот клуб да премине во плејоф во 2017 година и беше избран за играч на сезоната за Чикаго фајр во 2018 година.

Во својата меѓународна кариера, Швајнштајгер беше важен дел од неговата репрезентација уште од своето деби во 2004 година, постигнувајќи 24 гола на 121 настап.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın