свет

„Siam Ocean World“, најголем океанариум во Југоисточна Азија

Гигантскиот аквариум е изграден во рамките на трговскиот центар „Сиам Парагон“ во главниот град, и има воден капацитет од 4 милиони литри.

Ekipa  | 21.12.2023 - Обновена : 26.12.2023
„Siam Ocean World“, најголем океанариум во Југоисточна Азија

БАНГКОК (АА) - Аквариумот „Siam Ocean World“, кој се наоѓа во Бангкок, главниот град на Тајланд, е најголем аквариум во регионот на Југоисточна Азија, јавува Анадолу.

Гигантскиот аквариум е изграден во рамките на трговскиот центар „Сиам Парагон“ во главниот град, и има воден капацитет од 4 милиони литри. Изградбата на аквариумот чинеше 30 милиони долари.

„Siam Ocean World“ е дизајниран за да им ја приближи на домашните и странските туристи атмосферата на вистинскиот океан. Во него живеат повеќе од сто подводни животински вида.

Годишно аквариумот го посетуваат илјадници посетители.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.