свет

Финска се соочува со „мрачна“ демографска перспектива, прогнозите предупредуваат на остар пад на населението

- Анилизите покажуваат дека огромното мнозинство општини ќе се соочат со опаѓање на бројот на жители поради рекордно ниската стапка на наталитет и зголемената смртност.

Necva Taştan Sevinç  | 17.09.2025 - Обновена : 18.09.2025
 Финска се соочува со „мрачна“ демографска перспектива, прогнозите предупредуваат на остар пад на населението

ИСТАНБУЛ (АА) – Финска се подготвува за значителен демографски пад, со нови прогнози што предупредуваат дека повеќето општини во земјата ќе се соочат со брзо намалување на населението наредните децении, јавува Анадолу.

Консултантската фирма МДИ вчера го објави своето долгорочно предвидување, со проекции до 2050 година, пренесе финската телевизија ЈЛЕ.

Анилизите покажуваат дека огромното мнозинство општини ќе се соочат со опаѓање на бројот на жители поради рекордно ниската стапка на наталитет и зголемената смртност.

„Претходно, високата смртност секогаш беше привремена појава, како за време на граѓанска војна или години на глад. Но во 2016 година влеговме во состојба кога населението на Финска се намалува секоја година без имиграција“, изјави Расмус Аро, водечки експерт на МДИ.

Само една од десет општини моментно има повеќе новородени отколку починати и тоа со мала разлика. Исклучок претставуваат некои поголеми градови и делови од Западна Финска, познати како „Библиски појас“.

Според прогнозите, училиштата ќе бидат меѓу најпогодените – до 2032 година ќе има 96.000 помалку деца во училниците, што е еквивалент на 100.000 празни клупи.

Се очекува околу 100 општини да изгубат една третина од учениците, што ќе доведе до масовно затворање на училишта.

Во исто време бројот на постари лица значително ќе порасне. До 2040 година бројот на лица над 84 години ќе се зголеми за 142.000, а до 2050 година за 174.000.

Иако со години имиграцијата делумно ги пополнува демографските празнини, особено со големиот број Украинци последниве години, прогнозите предупредуваат дека тоа веќе нема да биде доволно за спречување на падот.

„Доколку Финска сака да задржи раст на работоспособното население и економијата, изгледа единствена алтернатива е имиграцијата“, нагласи Аро, додавајќи дека концентрацијата на населението е речиси непроменета од 60-тите години и не се очекуваат големи промени на среден рок.

Според МДИ, населението на Финска ќе достигне врв под шест милиони и ќе почне да опаѓа во 40-тите години на 21 век, зацврстувајќи го статусот на земјата како едно од најбрзо старечките општества во Европа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın