Палестинка убиена во Газа и покрај прекинот на огнот
Израелската армија започна воздушни напади и урна згради источно од градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа, изјавија очевидци
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) – Во ново кршење на прекинот на огнот израелските сили убија една Палестинка и неколкумина повредија рано утринава западно од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.
Во исто време израелската армија започна воздушни напади и урна згради источно од градот Газа, во северниот дел на Појасот Газа, изјавија очевидци.
Медицински извор за Анадолу изјави дека Сабах Ахмед Али Абу Џамех (62) починала откако била погодена од израелски оган во Кан Јунис, а неколкумина биле повредени.
Лицата биле повредени откако израелските војници отвориле силен оган кон шаторите во кои се сместени раселените Палестинци во централниот дел на Кан Јунис и во областа Маваси, крајбрежна зона западно од градот каде што илјадници побарале засолниште, изјави истиот извор.
Израелските сили, исто така, извршија воздушни напади и целни уривања во областите под нивна контрола источно од градот Газа, додаде медицински извор.
Израел веднаш не ги коментираше инцидентите.
Израелските трупи продолжуваат да ги контролираат јужните и источните тампон-зони на енклавата и големи делови од северна Газа, одржувајќи контрола над речиси 50% од територијата.
Палестинците го обвинуваат Израел за постојано кршење на прекинот на огнот од 10 октомври, со кој беше запрена бруталната војна на Израел, во која се убиени повеќе од 71.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, а над 171.000 се повредени од октомври 2023 година.
Според Министерството за здравство, најмалку 451 Палестинец се убиени, а над 1.200 се повредени во израелските напади од прекинот на огнот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
