свет

Националната гарда на САД распоредена во Вашингтон откако Трамп прогласи вонредна состојба

Американскиот претседател рече дека ќе патролира по улиците на Вашингтон со полициските и воените сили

Elena Trenchevska Chekovic  | 22.08.2025 - Обновена : 22.08.2025
 Националната гарда на САД распоредена во Вашингтон откако Трамп прогласи вонредна состојба Фото: Yasin Öztürk/АА

СКОПЈЕ (АА) - Националната гарда на Соединетите Американски Држави (САД) вчера е распоредена околу Вашингтон со цел обезбедување на главниот град откако претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба за јавната безбедност, јавува Анадолу.

Американскиот претседател вчера изјави дека ќе патролира по улиците на Вашингтон со полициските и воените сили.

„Ќе излезам вечерва... Ќе излезам вечерва со полицијата и со војската“, изјави Трамп за конзервативната радиопрограма „Шоуто на Тод Старнс“.

Трамп ги бранеше своите чекори за намалување на криминалот од критиките. „Мислам, погледнете, го решив тоа за четири дена во Вашингтон... Сè што прават е да велат - тој е диктатор.“

Коментарите на Трамп следуваат по августовското прогласување „вонредна состојба поради криминалот“ во Вашингтон, со што полицијата на метрополата се стави под федерална контрола и беа распоредени 800 војници на Националната гарда да патролираат по улиците.

Федералните власти извршија 550 апсења откако започна операцијата на 7 август, а официјални лица тврдат дека има значително намалување на насилниот криминал и грабежите. Операцијата, исто така, вклучи и расчистување на десетици кампови за бездомници низ целиот главен град.

Критичарите се огласија против федералната интервенција, а демонстранти скандираа „Слободен Вашингтон“ за време на посетите на административните службеници за да им упатат благодарност на распоредените војници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.