свет

„Македонските невладини организации ја обвинуваат Грција за геноцид"

„За запирање на овој културен геноцид, Македонците ширум светот кои ги застапуваат милиони лица во Македонија, се обединети во насока на иста цел“, се наведува во соопштението

Bayram Altuğ   | 07.03.2018
„Македонските невладини организации ја обвинуваат Грција за геноцид" (Foto: Arhiva/AA)

Geneve

ЖЕНЕВА (AA) - БАЈРАМ АЛТУГ -

Група макeдонски невладини организации, во знак на протест против преговорите околу спорот со името помеѓу Македонија и Грција, упатија апел до грчката влада, барајќи да се извини поради геноцид, военото злосторство и злосторството против човештвото извршени од 1913 година досега врз македонското малцинство во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

„Македонскиот народ веќе не може да ја поднесе неправдата пред се на Грција, Обединетите нации (ОН), Европската унија (ЕУ), и на НАТО“, се вели во заедничкото соопштение за Anadolu Agency (AA) на претставништвата на невладините организации како Македонско меѓународно движење за човекови права, Обединета македонска диаспора, Светскиот македонски конгрес, како и Македонската координативна мрежа, кои во Женева имаат претставништва, како и во повеќе земји во светот.

Во ова соопштение се вели дека македонскиот народ е принуден да преговора за името, етничкиот идентитет, националниот идентитет, јазикот и историјата во замена за членство во ЕУ и НАТО, и се тврди дека за прв пат во историјата на човештвото се соочува со таков случај.

- Посебен акцент врз воено злосторство и геноцид -

Во соопштението се укажува на правото на секој народ за самоопределување на својата иднина.

„За запирање на овој културен геноцид, Македонците ширум светот кои ги застапуваат милиони лица во Македонија, се обединети во насока на иста цел. Тие бараат поддршка од сите народи во светот за спречување на овој криминал“, се наведува во соопштението.

Како што се наведува во ова соопштение, со спорот со името измислен од страна на грчката влада, постои цел да се продолжи и да стане интернационална стогодишната политика на одбивање на етничкиот идентитет на македонското малцинство во земјата.

„Соочувајќи се со минатото најмалку еднаш, грчката влада треба официјално да признае и да побара извинување за геноцидот, воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени од 1913 година досега врз македонското малцинство во Грција “, се наведува во соопштението.

Потсетуваме, и во недела во Скопје, во организација на неколку граѓански организации се одржа протест против промена на името на Македонија. Собраните граѓани бараа итен прекин на преговорите со Грција за решавање на спорот околу името.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın