свет

Немири избувнаа во Даблин втора ноќ по ред близу хотел за баратели на азил

Хотелскиот комплекс Ситивест моментално сместува семејства, вклучително и деца на училишна возраст, како дел од меѓународната програма на ирската влада за заштита на барателите на азил

Aysu Biçer  | 23.10.2025 - Обновена : 23.10.2025
Немири избувнаа во Даблин втора ноќ по ред близу хотел за баратели на азил

ЛОНДОН (АА) - Насилства избувнаа втора ноќ по ред во Даблин, Ирска, во близина на хотел во кој се сместени баратели на азил, каде полицијата се соочи со напади од демонстрантите кои фрлаа камења и пиротехнички средства, јавува Анадолу.

Немирите се случија во подрачјето на Сагарт, на западната периферија на ирскиот главен град, во близина на хотелот Ситивест.

Немирите следеа по наводниот сексуален напад врз млада девојка во околината, во раните утрински часови во понеделникот.

Ирската полиција соопшти дека голем дел од насилствата биле „испланирани преку интернет“.

Хотелскиот комплекс Ситивест моментално сместува семејства, вклучително и деца на училишна возраст, како дел од меѓународната програма на ирската влада за заштита на барателите на азил.

Во вторникот вечер, полициско возило беше запалено, а полицијата формираше кордон за да ги спречат демонстрантите да дојдат до хотелот.

Во текот на насилствата приведени беа шест лица, а петмина се товарат за поврзаност со протестите во подрачјето.

Втора ноќ по ред, демонстрантите фрлаа тули, ракетни факели, стаклени шишиња и дрвени штици врз припадниците на ирската полиција во близина на хотелот.

Ирската телевизија РТЕ објави дека полицијата работи на растерување на толпата.

На местото на настанот беа распоредени коњаничка единица, единица со кучиња и единица за одржување на јавниот ред, поддржани од хеликоптер за помош од воздух.

Единицата за јавен ред, исто така, воспостави кордон на раскрсницата на Гартер Лејн и Ситивест Драјв.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.