Авион излета од писта во Хонгконг, загинаа најмалку две лица
На местото на инцидентот беа пратени спасувачки екипи и пожарникари, а истражителите работат на утврдување на причините за несреќата

СКОПЈЕ (АА) - Две лица загинаа откако карго авион „Боинг 747-400“ на компанијата „AIR ACT“ удри во возило на пистата за време на слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонгконг, по што излета од пистата и падна во морето, јавува Анадолу.
Инцидентот се случи денес, а според првичните информации, судирот се случил веднаш откако авионот се спуштил на пистата.
По несреќата, властите ги прекинаа сите активности на пистата додека трае истрагата.
На местото на инцидентот беа пратени спасувачки екипи и пожарникари, а истражителите работат на утврдување на причините за судирот.
Несреќата предизвика прекин во авионскиот сообраќај на еден од најпрометните аеродроми во светот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.