свет

Јужно од Хонгконг потона брод, непозната судбината на повеќе од 20 членови на екипажот

- Властите испратија авиони и хеликоптери за спасување на членовите на екипажот

Associated Press  | 02.07.2022 - Обновена : 04.07.2022
Јужно од Хонгконг потона брод, непозната судбината на повеќе од 20 членови на екипажот

ХОНГКОНГ (АА) - Брод за индустриска поддршка во кој имало 30 членови на екипажот потона во Јужнокинеското Море, соопштија денес спасувачките екипи во Хонгконг, известува Агенција Анадолија (АА).

Властите испратија авиони и хеликоптери за спасување на членовите на екипажот. Засега се знае дека најмалку три лица се спасени, додека судбината на преостанатите не е позната.

Несреќата се случила на околу 300 километри јужно од Хонгконг.

Властите на Хонгконг не го наведоа името ниту потеклото на бродот што потона во текот на силниот тропски тајфун Чаба, кој донесе силни ветрови со максимална брзина од 110 километри на час.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın