свет

Шпанија: Владата има намера да го укине имунитетот на пратениците

За предлогот со кој би се овозможило полесно судско процесуирање на политичарите, потребна е поддршка во Парламентот, во кој социјалистите имаат само 84 од вкупно 350 места во Долниот дом

Ekipa  | 17.09.2018 - Обновена : 18.09.2018
Шпанија: Владата има намера да го укине имунитетот на пратениците

Madrid

МАДРИД (АА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе се обиде да го укине судскиот имунитет на пратениците и другите јавно избрани претставници, со цел да ја врати довербата на народот во политиката, пренесува Anadolu Agency (AA).

Санчез го објави ова денес на настанот со кој се одбележани првите 100 дена од неговата социјалистичка Влада, што беше именувана откако во Парламентот го собори конзервативниот претходник. Тогаш Санчез вети дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ја модернизира Шпанија, но реализацијата на неговите планови ја кочи жестоката опозиција.

За предлогот со кој би се овозможило полесно судско процесуирање на политичарите, потребна е поддршка во Парламентот, во кој социјалистите имаат само 84 од вкупно 350 места во Долниот дом.

„Се надеваме дека ќе ја имаме поддршката на членовите. Ќе понудиме слика за пример, солидарност и емпатија“, рече Санчез.

Тој ја повика опозицијата да помогне во спроведувањето на опсежните реформи кои се потребни во наредната деценија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.