Црна дамка на човечката историја: Егзилот на Черкезите
Поминаа 155 години од еден од најболните настани во историјата - егзилот на Черкезите

МОСКВА (АА) – Поминаа 155 години откако царска Русија ги депортираше Черкезите од Кавказ, за кој се смета дека е стратешка значајна точка, јавува Anadolu Agency (AA).
Русија, како резултат на својата политика, за да стигне до крајбрежјето на Црното Море и да го освои Северен Кавказ, во 1556 година започна војна која траеше 308 години.
Русите, уништувајќи ги Черкезите, напредуваа до внатрешниот дел на планината Кавказ, а тие што се предаваа ги принудуваа да мигрираат или да се приклучат во Царската армија.
Од 21 мај 1864 година, черкешките заедници биле депортирани во различни региони во светот, особено во Отоманската империја.
Според неофицијални податоци, во рок од еден месец, 1,5 милион Черкези биле принудени да депортираат. Како резултат на условите во патиштата, епидемии и глад, 500.000 Черкези ги загубиле своите животи.
Оние што биле депортирани од црноморските пристаништа Анапа, Новоросијск, Гелинџик, Сочи и Адлер, биле качени на бродови и поголемиот број пренесени во Анадолија, во градовите Орду, Самсун, Токат, Амасја, Синоп, Јозгат, Дузџе, Адапазари и Коџаели.
Некои од Черкезите биле населени на Блискиот Исток, главно во Сирија и Палестина. Черкезите, кои биле подложени на егзил, со текот на времето се вклучиле во локалното население. Черкезите, кои не можеле да бидат испратени во Отоманската империја, биле сместени во руско-казачки села во областа на реките Лаба и Кубан.
Се смета дека „Операцијата за депортирање на черкескиот народ од своите домови“ е руска операција планирана многу порано.
Овој егзил, во којшто илјадници луѓе загинаа пред да стигнат на османлиските територии, е „еден од најболните настани во историјата“.
Егзилот на Черкезите е една црна дамка на човечката историја и секоја година се споменува од страна на Черкезите што живеат во Турција. Манифестацијата се одбележува со палење оган на крајбрежјето, а завршува со читањето на „Заклетвата за егзил“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.