Францускиот Парламент изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру
Со 194 гласови „за“ и 364 гласови „против“, Бајру не успеа да добие мнозинство во Парламентот, каде што 15 од 589 пратеници беа воздржани

ИСТАНБУЛ (АА) - Францускиот Парламент изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру, објави претседателката на Националното собрание, Јаел Браун-Пиве, јавува Анадолу.
Со 194 гласови „за“ и 364 гласови „против“, Бајру не успеа да добие мнозинство во Парламентот, каде што 15 од 589 пратеници беа воздржани.
Се очекува тој да ја поднесе оставката на својата влада до претседателот Емануел Макрон утре, според БФМ ТВ.
Бајру стана единствениот премиер од Петтата Република од 1958 година кој е соборен со изгласување недоверба.
Премиерот во заминување, кој во јули ја претстави буџетската рамка за 2026 година, бараше поддршка за план за заштеда на речиси 44 милијарди евра како дел од напорите за намалување на зголемениот јавен долг на Франција, кој сега е 113% од нејзиниот БДП.
Франција, исто така, има еден од најголемите буџетски дефицити во Европската Унија, од 5,8%.
Предупредувајќи дека земјата е „на работ на презадолженост“, Бајру претходно ги повика пратениците да изберат „одговорност наспроти хаос“.
Опозициските партии од целиот спектар, од крајно левичарската ЛФИ до крајно десничарската Национален сојуз, како и социјалистите, рекоа дека ќе гласаат против владата.
Преговорите за буџетот се главен извор на тензии во француската политика.
Неуспехот да се постигне договор за буџетот за 2025 година минатата година доведе до пад на владата на Мишел Барние во декември, откако левото крило и партиите од крајната десница се обединија зад предлогот за недоверба.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.