свет

Форт Каре и Порт Воубан, величествени поморски знаменитости на францускиот град Антиб

Форт Каре и Порт Воубан заедно ја раскажуваат приказната за трансформацијата на Антиб – од стратегиска тврдина до модерен центар на луксуз и туризам

Aida Cako  | 06.03.2025 - Обновена : 08.03.2025
Форт Каре и Порт Воубан, величествени поморски знаменитости на францускиот град Антиб Фото: Mohamad Salaheldin Abdelg Alsayed/АА

АНТИБ (АА) – Над познатото пристаниште Порт Воубан во францускиот град Антиб, каде што денес се закотвуваат некои од најлуксузните јахти во светот, се издигнува историската тврдина Форт Каре, сведок на богатото поморско наследство на овој медитерански град, јавува Анадолу.

Изградена во 16 век за да го заштити крајбрежјето, тврдината со четириаголна форма и импресивни ѕидови нуди панорамски поглед кон Азурниот Брег.

Заедно со Порт Воубан, кој датира од 18 век и денес е едно од најфреквентните пристаништа во регионот, ја одразуваат историската и стратегиската важност на Антиб како морски центар.

Порт Воубан, некогаш засолниште за трговски и рибарски бродови, денес е симбол на луксузот, привлекувајќи елитни посетители и сопственици на најлуксузни јахти.

Форт Каре и Порт Воубан заедно ја раскажуваат приказната за трансформацијата на Антиб – од стратегиска тврдина до модерен центар на луксуз и туризам.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.