Тридневна жалост во Индонезија: Погребан поранешниот претседател Хабиби
Третиот претседател на Индонезија е погребан со најголеми државни почести, а на неговото последно испраќање присуствуваше државниот врв на земјата, меѓу кои и актуелниот претседател Џоко Видодо

ЏАКАРТА (АА) - Поранешниот претседател на Индонезија, Бахарудин Јусуф Хабиби, погребан е денес во Џакарта, јавува Anadolu Agency (AA).
Јусуф Хабиби почина вчера во 83. година од животот во болница во Џакарта во која поради проблеми со срцето беше хоспитализиран на почетокот на месецот.
Третиот претседател на Индонезија е погребан со најголеми државни почести, а на неговото последно испраќање присуствуваше државниот врв на земјата, меѓу кои и актуелниот претседател Џоко Видодо.
Хабиби на функцијата претседател на Индонезија беше од мај 1998 до октомври 1999 година, а по повод неговата смрт во земјата е прогласена тридневна жалост.
Иако на чело на Индонезија не беше долго време, Хабиби остави длабока трага на политичката сцена во земјата, бидејќи на функцијата стапи во периодот на масовни антивладини протести и започна низа значајни продемократски реформи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.