Трамп ја укина забраната за патување за Бразил и некои европски земји
Во уредбата која Трамп ја потпиша се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) од 26 јануари ќе се бара негативен тест на Ковид-19 од сите патници кои патуваат на меѓународните линии
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина забраната запатување во Шенген, Велика Британија, Ирска и Бразил поради коронавирусот (Ковид-19), а оваа одлука стапува на сила на 26 јануари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во уредбата која Трамп ја потпиша се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) од 26 јануари ќе се бара негативен тест на Ковид-19 од сите патници кои патуваат на меѓународните линии.
Наведувајќи дека оваа примена на Центарот за контрола и превенција на бболести е доволна да ја обезбеди здравствената безбедност, Трамп напомена дека забраните на тие земји ќе бидат укинати од спомнатиот датум.