Трамп се сретна со катарскиот премиер Ал Тани по израелскиот напад во Доха
Средбата се одржа по нападите на Израел во вторникот, насочени кон раководството на палестинската група Хамас во Доха, кои предизвикаа широки осуди од регионот и пошироко

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Њујорк оствари средба со премиерот на Катар, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани, а заменик-шефот на мисијата на земјата од Персискиот Залив рече дека вечерата поминала одлично, јавува Анадолу.
„Одлична вечера со претседателот. Штоткуку заврши“, напиша Хамах Ал-Муфтах на американската платформа за социјални медиуми X.
Белата куќа потврди дека вечерата се одржала, но не објави детали.
Средбата се одржа по нападите на Израел во вторникот, насочени кон раководството на палестинската група Хамас во Доха, кои предизвикаа широки осуди од регионот и пошироко.
Трамп, исто така, изрази силно незадоволство од Израел по нападот, велејќи дека тоа е еднострана акција што не ги унапредува интересите на САД или Израел.
Во нападот загинаа пет членови на Хамас и еден катарски безбедносен службеник. На разговорите во Доха се дискутираше за новиот договор предложен од САД за ставање крај на војната во Газа, каде што Израел уби повеќе од 64.000 Палестинци од октомври 2023 година. Катар е главен посредник во преговорите за завршување на војната.
Пред вечерата со Трамп, шеикот Ал Тани се сретна со потпретседателот на САД Џ. Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во Белата куќа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.