Топлотниот бран предизвика предупредувања за пожари низ Јужна Франција, Шпанија и Португалија
– Јужна Европа се соочува со екстремни температури и суша, што значително го зголемува ризикот од шумски пожари во Франција, Шпанија и Португалија. Властите издадоа црвени и портокалови предупредувања и мобилизираа стотици пожарникари

ИСТАНБУЛ (AA) – Јужна Европа се соочува со екстремни температури и суша, што значително го зголемува ризикот од шумски пожари во Франција, Шпанија и Португалија. Властите издадоа црвени и портокалови предупредувања и мобилизираа стотици пожарникари за справување со ситуацијата, јавува Анадолу.
Метео-Франс ја стави јужната француска провинција Од под црвен аларм за шумски пожари, што претставува највисоко ниво на опасност. Според француската телевизија , ризикот е многу висок поради високите температури и сувите ветрови.
Областа околу Каркасон, која во јули беше зафатена од големи пожари, повторно е во ризик, со температури што достигнуваат 35°C во градовите Нарбон и Кастелнодари.
На почетокот на јули повеќе од 1.000 пожарникари беа ангажирани за гаснење на пожарот што зафати над 2.000 хектари во овој регион.
Девет француски провинции, меѓу кои Горна Гарона, Еро, Гар и Буш-дy-Рон, се под портокалов аларм, што укажува на висок ризик од пожари.
Метео-Франс предупреди дека „временските услови значително го зголемуваат ризикот од избувнување и ширење на шумски и вегетациски пожари во споредба со летните просеци“.
Топлотниот бран се прошири и на Иберискиот Полуостров.
Во Шпанија, температурите се од 5°C до 10°C повисоки од вообичаените летни вредности. Шпанската метеоролошка агенција Аемет соопшти дека повеќе региони се под портокалов аларм и најави дека топлотниот бран ќе продолжи барем до недела.
Во Галисија, пожарот во Вилардевос (Оренсе) зафати 570 хектари, но беше ставен под контрола во неделата вечер, според Шпанската воена единица за итни случаи. Повеќе од 100 лица, 10 авиони и голем број копнени возила се мобилизирани за спречување на повторно разгорување.
Во општината А Коруња и понатаму се активни три пожари што зафатија вкупна површина од над 400 хектари. Регионалната министерка за рурални прашања, Марија Хозе Гомез, изјави дека постои „интензивна активност на подметнување пожари“ со околу 50 дневни пријави и отежнати временски услови, повикувајќи ја јавноста на одговорно однесување.
Три пожари и понатаму се активни во општината Понтечесо во А Коруња, кои зафатија вкупна површина од над 400 хектари.
Владата во соседна Португалија прогласи многу висок ризик од пожари до четврток поради вториот летен топлотен бран, објави државната новинска агенција Луса.
Според Европскиот информациски систем за шумски пожари, од почетокот на годината во Португалија изгореле над 25.700 хектари.
Педро Араужо, оперативен координатор на португалската Агенција за цивилна заштита АНЕПК, изјави дека активните пожари во Вила Реал, Селорику де Басту, Фафе и Аркос де Валдевез може да бидат ставени под контрола во понеделник, при што се ангажирани над 600 пожарникари и 216 возила.
Министерката за внатрешни работи на Португалија, Марија Лусија Амарал, најави строг сет превентивни мерки, вклучително и забрана за пристап до шуми, употреба на машини во рурални средини и пиротехнички средства.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.