Сирискиот претседател пристигна во Русија на разговори со Путин
- Се очекува разговорите меѓу двајцата лидери да бидат насочени кон билатералните односи и најновите регионални случувања
ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот претседател Ахмед ал Шара денес пристигна во официјална посета на Москва, каде што ќе одржи разговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави новинската агенција САНА, пренесува Анадолу.
Ова е втора посета на сирискиот претседател на Русија во последните четири месеци.
Се очекува разговорите меѓу двајцата лидери да бидат насочени кон билатералните односи и најновите регионални случувања, објави САНА.
Кремљ вчера соопшти дека разговорите меѓу Путин и Шара ќе се фокусираат на транзицискиот период во Сирија и развојот на настаните на Блискиот Исток.
„Планот е да се разговара за состојбата и перспективите за развој на билатералните односи во различни области, како и за моменталната ситуација на Блискиот Исток“, се вели во соопштението на Кремљ.
