свет

Сидата најмалку присутна во муслиманските земји во Африка

Од вкупно 37 милиони болни од СИДА, 70 проценти живеат во Африка

Tufan Aktaş  | 02.11.2016 - Обновена : 03.11.2016
Сидата најмалку присутна во муслиманските земји во Африка

Addis Abeba

АДИС АБЕБА (АА) - Болеста СИДА (Синдром на стекнат имунилошки дефицит) најмногу е присутна на африканскиот континент, а пак земјите во коишто мнозинството се муслимани, се најмалку погодени од оваа болест, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на новинарот на АА од Програмата за борба против СИДА (УНАИДС) на Обидинетите нации, во светот има околу 37 милиони луѓе што живеат со вирусот што е причинител на имунитетски недостаток кај човекот. Околу 70 проценти од овие луѓе живеат во африканските земји.

Линијата на Северна Африка, каде што претежно живеат муслимани, е регионот каде што болеста СИДА има најмало влијание. Спротивно на ова, оваа болест е најмногу присутна во земјите на Јужна Африка.

Во земјите како што се Сомалија, Мароко, Судан, Мали, Тунис, Мавританија, Сенегал, Нигерија и Гамбија, каде што муслиманското население е над 90 проценти, нивото на возрасни луѓе заразени од ХИВ вирусот е под 2 процента. Во земјите, пак, како што се Јужна Африка, Свазиленд, Боцвана и Лесото, каде што муслиманското население е под 10 проценти, речиси секој 5. човек е заразен од ХИВ вирусот.

 Сидата е најмногу раширена во Јужна Африка 

На светско ниво, во Јужна Африка има најмногу заразени од СИДА. Се проценува дека во оваа земја има околу 7 милиони луѓе заразени од ХИВ вирусот. По Јужна Африка доаѓаат Нигерија, Мозамбик, Зимбабве и Танзанија.

Во земјите како што се Зимбаве и Намибија, каде што секој 7. возрасен човек е заразен од СИДА, муслиманското население е под 2 процента. Во зејмите на Јужна Африка, како што се Алжир, Тунис, Мароко и Египет, каде што муслиманите се мнозинство, оваа болест е под 1 на илјада возрасни луѓе.

- Во Јужен Судан, во споредба со Судан, има трипати повеќе заболени од СИДА -

Во Сомалија, која се наоѓа на Рогот на Африка, околу 30 илјади луѓе живеат со болеста СИДА. Во соседната земја на Сомалија, во Кенија, каде што живеат под 10 проценти муслимани, нивото на заразени од ХИВ вирусот изнесува 1 милион и 500 илјади.

Во Јужен Судан, во споредба со Судан, нивото на заразени од оваа болест е трипати поголемо и има околу 180 илјади заразени лица од СИДА, додека во Судан оваа бројка изнесува 56 илјади лица.

Во Чад, каде што половина од населението е муслиманско, бројот на заразени со СИДА изнесува 170 илјади, но во соседната земја, Камерун, овој број изнесува 620 илјади.

Во Руанда, каде што муслиманите се малцинство, бројот на заразени возрасни лица со СИДА изнесува три процени од вкупното население, а пак овој број во Уганда е 7 проценти.

 Сидата продолжува да убива 

Познато е дека ХИВ вирусот којшто ја предизвикува сидата најчесто се појавува поради незаштитени сексуални контакти и споделување шприцови меѓу корисниците на наркотици. Бремените жени што се заразени со оваа болест ги заразуваат и своите неродени деца.

Од друга страна, секој ден се зголемува бројот на починати лица од оваа болест.

Откако се појави ХИВ вирусот, до денеска, околу 78 милиони лица се заразени со СИДА. Досега, околу 35 милиони луѓе го загубија животот како последица на сидата.

Според официјалните податоци, секоја година околу 2 милиони луѓе се заразуваат со вирусот ХИВ. Од СИДА се лекуваат 17 милиони луѓе, а пак 1 милион го губат животот поради сидата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın