свет

Светската популација достигна 8 милијарди

- Светската популација во петокот достигна 8 милијарди луѓе, што е пресвртница во човечкиот развој, проценуваат Обединетите нации (ОН)

Faruk Zorlu  | 15.11.2022 - Обновена : 16.11.2022
Светската популација достигна 8 милијарди Автобуска станица Ананд Вихар во Њу Делхи, Индија (Фото: Амарџит Кумар Синг / AA)

АНКАРА (АА) - Светската популација во петокот достигна 8 милијарди луѓе, што е пресвртница во човечкиот развој, проценуваат Обединетите нации (ОН), јавува Агенција Анадолија (АА).

„Превртницата е повод да се слават различностите и напредокот, а истовремено да се земе предвид заедничката одговорност на човештвото за планетата“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во претходна изјава во четвртокот.

Иако стапката на раст е намалена, се очекува човечката популација во светот да продолжи да расте, што се припишува на подобрувањата во јавното здравје, исхраната, личната хигиена и медицината.

„Иако на глобалното население му беа потребни 12 години да се зголеми од 7 на 8 милијарди, ќе бидат потребни приближно 15 години - до 2037 година - за да достигне 9 милијарди, знак дека вкупната стапка на раст на глобалното население забавува“, соопштија од ОН.

Индија е подготвена да ја престигне Кина како најнаселена земја во светот во 2023 година, проценуваат ОН.

Осум земји, имено Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија, ќе имаат повеќе од половина од предвидениот пораст на светската популација до 2050 година.

Во 2019 година, просечниот животен век при раѓање достигна 72,8 години, што е зголемување за околу девет години од 1990 година, додека се очекува дека дополнителното намалување на смртноста ќе доведе до просечна глобална долговечност од околу 77,2 години во 2050 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.