свет

Светската метеоролошка организација: „Во Јапонија настрадаа над 150 лица“

Светската метеоролошка организација (WMO) соопшти дека во поплавите и свлечиштата во Јапонија животот го загубиле повеќе од 150 лица

Bayram Altuğ  | 10.07.2018 - Обновена : 10.07.2018
Светската метеоролошка организација: „Во Јапонија настрадаа над 150 лица“

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) - Светската метеоролошка организација (WMO) соопшти дека како резултат на поплавите и свлечиштата предизвикани од интензивните врнежи од дожд во западниот и централниот дел на Јапонија, животот го изгубиле повеќе од 150 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролката на оваа организација, Клер Нулис, во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Женева организираше прес-конференција на која соопшти дека бројот на настраданите од поплавите и свлечиштата во Јапонија, заклучно со утринава, изнесува 151 лице.

Портпаролката Нулис истакна дека околу 10.000 куќи се наоѓат под вода или се урнати од поплавите и свлечиштата. Повеќе од 30.000 цивили се евакуирани поради поплавите и можната појава на свлечишта. 

Нулис на прес-конференцијата истакна дека Јапонија е земја која е најподготвена против поплави и свлечишта.

Таа рече дека кога ќе се погледне бројката на загинатите, подобро може да се разбере големината на катастрофата.

Поплавите и свлечиштата се причина за човечки жртви во подрачјата на Хирошима, Ехиме, Окајама, Јамагучи, Кјото, Гифу, Шига, Хјого, Кочи и Фукуока.

Премиерот Шинзо Абе ги откажа своите посети на Европа и Блискиот Исток поради природните катастрофи што ја зафатија Јапонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.