свет

Саудиска Арабија: Со операција раздвоени египетските сијамски близначки

Близначките се разделени во успешна 17-часовна операција во детската болница „Крал Абдула“ во Ријад

Mehmet Nuri Uçar, Yakoota Al Ahmad  | 23.06.2023 - Обновена : 29.06.2023
Саудиска Арабија: Со операција раздвоени египетските сијамски близначки Фото: АА/Архива

РИЈАД (АА) - Египетските сијамски близначки Селма и Сара раздвоени се за време на последната од четирите операции, која траеше 17 часа, во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, пренесува Анадолу.

Како што објави саудиската државна агенција СПА, на египетските сијамски близначки им била извршена операција по директива на кралот Селман бин Абдулазиз и престолонаследникот Мухамед бин Селман.

Близначките се разделени во успешна 17-часовна операција во детската болница „Крал Абдула“ во Ријад.

Шефот на медицинскиот и хируршкиот тим во операцијата за раздвојување на сијамските близначки, д-р Абдула бин Абдулазиз ер Рабија, изјави дека близначките се донесени во Саудиска Арабија на 23 ноември 2021 година.

Ер-Рабија наведе дека во операцијата учествувал тим од 31 специјалист, составен од педијатри, пластични хирурзи, анестезиолози и други специјалисти и дека операцијата била завршена за вкупно 57 часа. Имено, операцијата се одвивала во четири фази, а последната траела 17 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.