свет

Саркози обвинет за примање финансиски средства од Либија за неговата претседателска кампања

Поранешниот француски претседател мина девет одделни судски истраги во врска со наводите за примање средства од поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи

Ekipa  | 16.10.2020 - Обновена : 19.10.2020
Саркози обвинет за примање финансиски средства од Либија за неговата претседателска кампања

ПАРИЗ (АА) - Поранешниот француски претседател Николас Саркози денеска е обвинет за финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од страна на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Саркози мина девет одделни судски истраги во врска со наводите за примање средства од поранешниот либиски лидер Муамер Гадафи. Ова е четврто судење во врска со овие обвиненија.

Саркози кратко по објавеното обвинение излезе со реакција на Твитер: „Невин сум. Знам дека вистината ќе излезе на виделина.“

Тој се товари за активна и пасивна корупција, прикривање на проневера на јавни средства, трговско влијание, незаконско финансирање на кампањата и злоупотреба на имотот на компанијата.

Обвинувањата првпат беа обелоденети во 2012 година од страна на „Медиапарт“, независно француско списание за истражувачко мислење. За Саркози се вели дека добил вкупно 50 милиони евра (58,6 милиони американски долари) за поддршка на неговото кандидирање за претседателската функција.

Саркози последен пат беше на судење во 2019 година, но одби да одговори на прашањата поставени од истражителите, велејќи дека таквите обвиненија против него претставуваат заговор.

Апелациониот суд во Париз, потоа, на 24 септември поднесе жалба во која беше во можност да ги потврди тврдењата и да ја започне постапката. Поранешниот претседател поднесе жалба на 28 септември, обидувајќи се да ги блокира истрагите против него. Судот ја отфрли неговата жалба.

Истрагата за вмешаноста на Саркози со Гадафи вклучува докази во форма на сомнителни финансиски трансакции, како и сведоштва од либиски официјални лица - вклучително и од синот на Гадафи - и белешки од тајните служби, кои беа презентирани и на судот.

Поранешниот претседател тврдејќи дека е невин, изјави: „Со големо изненадување дознав за ова најново обвинение. Ќе ја докажам мојата невиност. Ќе ги вложам целата моја посветеност и енергија кои ги поседувам. Неправдата нема да победи.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.