САД неофицијално побарале од Полска батерија „Патриот“ за противвоздушна одбрана, во екот на војната со Иран
Вашингтон наводно нема поднесено формално барање, но неофицијално ѝ пристапил на Варшава, во ек на растечката загриженост за безбедносната состојба на Блискиот Исток и потребата да се заштитат американските сили
ВАРШАВА (АА) - Полска добила „неофицијално” барање од Соединетите Американски Дражви (САД) да размисли за привремено отстапување на една од своите две батерии за противвоздушна одбрана „Патриот“ за распоредување на Блискиот Исток, објави денес дневниот весник „Жечпосполита“, пренесува Анадолу.
Весникот вели дека Вашингтон нема поднесено формално барање, но неофицијално ѝ пристапил на Варшава, во ек на растечката загриженост за безбедносната состојба на Блискиот Исток и потребата да се заштитат американските сили и сојузниците таму.
Никаква одлука не е донесена, и секој таков чекор би бил политички и воено чувствителен, затоа што Полска во моментов располага само со две оперативни батерии „Патриот“, наведува дневниот весник, кој цитира анонимни полски претставници.
За Полска, отстапувањето на една батерија би значело привремена загуба на половина од тековните капацитети на „Патриот“. Варшава постојано аргументира дека, како најголема земја на источното крило на НАТО која граничи со Русија, Белорусија и Украина, не може да ја намали сопствената противвоздушна одбрана.
Минатата година, полските официјални претставници го негирале податокот дека полскиот систем „Патриот“ за противвоздушна одбрана би можел да биде префрлен на друго место, изјавувајќи: „Системите 'Патриот' во Полска го бранат небото над Полска.”
Земјата во моментов располага со две батерии „Патриот“ купени од САД и е во фаза на чекање на уште шест, кои не се очекува да стигнат пред крајот на оваа деценија. Полска, исто така, настојува да купи околу 800 дополнителни ракети ПАК-2-ГЕМ-Т, иако испораките можат да бидат одложени поради зголемената глобална побарувачка поврзана со конфликтот на Блискиот Исток.
Соопштението следува откако побарувачката за системите „Патриот“ нагло се зголеми поради конфликтот меѓу Иран и Израел, и поширокото распоредување на американските воени трупи во регионот.
Системот „Патриот“ се користи за одбрана од авиони, беспилотни летала и балистички ракети и се во особено мал број на глобално ниво, бидејќи се, исто така, распоредени во Украина, Саудиска Арабија и на други места на Блискиот Исток.
Наводите за американскиот пристап се чини дека го нагласуваат растечкиот притисок врз залихите на системите „Патриот“ со кои располага Вашингтон.
Соединетите Американски Држави веќе имаат поставено пресретнувачи и системи за противвоздушна одбрана кон Блискиот Исток, и ги предупредуваат сојузниците дека долготрајниот конфликт може да влијае на испораките на оружје, како во Украина така и во европските земји како Полска.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
