свет

Руте: „Нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски дрон не е изолиран инцидент“

- „Сојузниците ја изразија својата солидарност со Полска и го осудија неодговорното однесување на Русија.“

İbrahim Hamdi Hacıcaferoğlu  | 10.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
Руте: „Нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски дрон не е изолиран инцидент“

ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека по нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала, администрацијата во Варшава побарала консултации согласно со член 4 од основачкиот договор на НАТО и дека разговарале за ова прашање со сојузничките земји, известува Анадолу.

Во изјава по состанокот на Северноатлантскиот совет, Руте соопшти дека опрема од Полска, Италија, Германија и Холандија била користена при соборувањето на руските беспилотни летала во Полска.

Зборувајќи дека на барање на Полска за консултации согласно со член 4 од договорот за НАТО со сојузничките земји разговарале за нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала, Руте истакна:

„Сојузниците ја изразија својата солидарност со Полска и го осудија неодговорното однесување на Русија.“

Истакнувајќи дека во тек е целосна проценка на инцидентот, Руте продолжи со зборовите:

„Она што е јасно е дека синоќешното кршење не беше изолиран инцидент. Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО ќе продолжи активно да управува со одвраќањето и одбранбената положба по должината на целото источно крило.“

Руте изјави дека инцидентот во Полска покажал дека сојузниците треба да инвестираат повеќе во одбраната за да создадат ефект на одвраќање, и дека сојузниците се решени да ја зголемат својата поддршка за Украина „во услови на руска кампања на уништување“.

Тој истакна дека Русија се однесувала неодговорно и додаде:

„Престанете да го нарушувате воздушниот простор на сојузниците и знајте дека сме подготвени, будни и ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın