свет

Протест пред Универзитетот Колумбија додека Бил и Хилари Клинтон присуствуваат на панел за мирот на Блискиот Исток

- Додека дискусијата се одвиваше во кампусот, демонстрантите надвор извикуваа слогани како „Ослободете ја Палестина“, изразувајќи остро несогласување со американската поддршка за Израел.

Aida Cako  | 11.11.2025 - Обновена : 11.11.2025
Протест пред Универзитетот Колумбија додека Бил и Хилари Клинтон присуствуваат на панел за мирот на Блискиот Исток

СКОПЈЕ (АА) – Пропалестински демонстранти се собраа пред Универзитетот Колумбија во Њујорк додека поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон присуствуваа на панел-дискусија организирана од Институтот за глобална политика, јавува Анадолу.

Настанот беше посветен на политичкото наследство на израелскиот премиер Јицак Рабин и на предизвиците во постигнувањето траен мир на Блискиот Исток.

Додека дискусијата се одвиваше во кампусот, демонстрантите надвор извикуваа слогани како „Ослободете ја Палестина“, изразувајќи остро несогласување со американската поддршка за Израел.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.