свет

Протест во австрискиот Парламент поради молкот за геноцидот на Израел во Газа

- Еврејската активистка Далија Сариг-Фелнер им се обрати на пратениците за време на седницата, обвинувајќи ги за молкот за „масакрите и геноцидот“ во Газа

Elena Trenchevska Chekovikj  | 11.07.2025 - Обновена : 14.07.2025
Протест во австрискиот Парламент поради молкот за геноцидот на Израел во Газа

СКОПЈЕ (АА) - Група пропалестински активисти протестираа за време на седницата на австрискиот Парламент поради ставот на владата во врска со израелската воена офанзива во Газа, јавува Анадолу.

Еврејската активистка Далија Сариг-Фелнер им се обрати на пратениците за време на седницата, обвинувајќи ги за молкот за „масакрите и геноцидот“ во Газа.

„Говорите за човекови права, а не кажувате ништо за тоа што се случува во Газа. Израел таму врши геноцид“, рече таа.

Сариг-Фелнер, исто така, ја осуди австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер за тоа што го нарече израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар „пријател“, извикувајќи „Срам да ви е!“.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, во којашто досега се убиени речиси 57.800 Палестинци, повеќето од нив жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и доведе до недостиг на храна и ширење на болести.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.