свет

Претседателот на Собранието на Северна Македонија му честита на Курти за победата на изборите

„Особено му честитам на премиерот г. Албин Курти за достоинствената победа. Овој изборен резултат ги потврдува довербата и граѓанската поддршка за визијата и посветеноста на Движењето Самоопределување...“

Dzihat Aliju  | 29.12.2025 - Обновена : 29.12.2025
Претседателот на Собранието на Северна Македонија му честита на Курти за победата на изборите

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, објави честитка по повод успешното одржување на парламентарните избори во Косово, пренесува Анадолу

„Особено му честитам на премиерот г. Албин Курти за достоинствената победа. Овој изборен резултат ги потврдува довербата и граѓанската поддршка за визијата и посветеноста на Движењето Самоопределување. Исто така, им честитам на сите политички субјекти за нивното конструктивно учество, како и на граѓаните на Косово за нивната демократска култура и зрелост“, напиша тој на социјалните мрежи.

„Остануваме посветени на зајакнувањето на одличните соседски и братски односи, како и на продолжувањето на тесната соработка меѓу нашите две земји, во интерес на стабилноста, развојот и европската интеграција на регионот“, додаде тој.

Движењето Самоопределување излезе како партија со најголем број гласови според прелиминарните резултати објавени од Централната изборна комисија на Косово (ЦИК). По пребројувањето на над 99 отсто од гласачките кутии на вонредните парламентарни избори во Косово, одржани вчера (28 декември), партијата предводена од Курти има освоено 49,31 отсто од гласовите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.