свет

Потпретседателот на Азербејџан, Хаџијев: „Ерменија со воени авиони го прекршува примирјето“

„Ерменската Војска, прекршувајќи го отворено примирјето, ги употреби своите воени авиони со цел да ги бомбардира позициите на азербејџанската Војска. Како можеме да ѝ веруваме на ерменската страна?“, истакна Хаџијев

Ruslan Rehimov  | 18.10.2020 - Обновена : 19.10.2020
Потпретседателот на Азербејџан, Хаџијев: „Ерменија со воени авиони го прекршува примирјето“

БАКУ

Потпретседателот на Азербејџан, Хикмет Хаџијев, истакна дека ерменската Војска користејќи ги своите воени авиони го прекршува примирјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Хаџијев ова го истакна преку објава на неговиот твитер-профил.

„Ерменската Војска, прекршувајќи го отворено примирјето, ги употреби своите воени авиони со цел да ги бомбардира позициите на азербејџанската Војска. Како можеме да ѝ веруваме на ерменската страна?“, напиша тој.

Инаку, синоќа во 00:00 часот по локално време стапи во сила привременото хуманитарно примирје за кое беше постигнат договор помеѓу Азербејџан и Ерменија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın