свет

Порторико: 11 мигранти починаа при потонување на брод

- Mал брод со мигранти кои по илегален пат се обидувале да заминат за САД, се превртел во близина на западниот брег на Порторико

Sinan Doğan   | 13.05.2022
Порторико: 11 мигранти починаа при потонување на брод

БОГОТА - Единаесет лица починаа во близина на западниот брег на Порторико при потонување на мал брод кој превезувал мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во националните медиуми, мал брод со мигранти кои по илегален пат се обидувале да заминат за САД, се превртел во близина на западниот брег на Порторико.

Во несреќата починале 11 лица, а 31 се спасени.

Во вестите се наведува дека во тек се спасувачки активности. Властите се загрижени од можното зголемување на смртните случаи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.