Поларна светлина - чудото што ја осветлува ноќта во Алјаска
- Фотографите и љубителите на природата пристигнаа во регионот Еклутна Тејлрејс во американската сојузна држава Алјаска со мало светлосно загадување, за да го следат природниот феномен којшто го украсува небото во зелени, виолетови и црвени тонови.

АНКАРА (АА) - Поларната светлина (Аурора бореалис), која е резултат на интеракцијата на магнетното поле на Земјата со наелектризираните честички кои доаѓаат од Сонцето, снимена е во регионот Еклутна Тејлрејс во американската сојузна држава Алјаска, известува Анадолу.
Фотографите и љубителите на природата пристигнаа во овој регион со мало светлосно загадување за да го следат природниот феномен којшто го украсува небото во зелени, виолетови и црвени тонови.
Се предвидува дека 2025 година ќе биде период во кој Поларната светлина ќе се гледа почесто и поинтензивно поради зголемената сончева активност.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.