свет

Ортодоксните Евреи во Њујорк протестираа поради политиката на Израел

Демонстрантите носеа транспаренти и голем банер со порака „Државата Израел и нејзините постапки не ги претставуваат Евреите ниту јудаизмот“

Aida Cako  | 20.10.2025 - Обновена : 20.10.2025
Ортодоксните Евреи во Њујорк протестираа поради политиката на Израел Фото: Selçuk Acar/AA

СКОПЈЕ (АА) - Ортодоксните Евреи вчера одржаа протест во Њујорк, осудувајќи ја израелската политика, особено во однос на нивните верски заедници, јавува Анадолу.

Демонстрантите носеа транспаренти и голем банер со порака „Државата Израел и нејзините постапки не ги претставуваат Евреите ниту јудаизмот“.

Протестот имаше цел да укаже на несогласувањето на дел од еврејската заедница со израелските владини политики и да повика на мир и почитување на верските вредности.

Договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, постигнат преку регионално и меѓународно посредништво и имплементиран на 10 октомври, предвидува делумно повлекување на Израел од неколку области во Газа кон нови позиции во енклавата познати како „жолта линија“.

Од октомври 2023 година во израелските напади се убиени речиси 68.000 Палестинци во Газа, повеќето од нив жени и деца, а енклавата во голема мера е несоодветна за живеење.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.