свет

Околу 20.000 учесници на 114. издание на трката „Беј ту брејкерс“ во Сан Франциско

– Околу 20.000 луѓе учествуваа на 114. издание на традиционалната трка „Беј ту брејкерс“ во Сан Франциско, најстарата трка на кратки патеки во светот што се одржува без прекин од 1912 година

Aida Cako  | 19.05.2025 - Обновена : 20.05.2025
Околу 20.000 учесници на 114. издание на трката „Беј ту брејкерс“ во Сан Франциско

СКОПЈЕ (AA) – Околу 20.000 луѓе учествуваа на 114. издание на традиционалната трка „Беј ту брејкерс“ во Сан Франциско, најстарата трка на кратки патеки во светот што се одржува без прекин од 1912 година, јавува Анадолу.

Настанот, кој е длабоко вкоренет во културата на градот, се одржа во неделата, започнувајќи во близина на заливот на Сан Франциско, неколку блокови од улицата „Ембаркадеро“, и продолжувајќи по 12-километарска траса низ градот до крајната точка на Големото шеталиште, каде што брановите на Пацификот удираат врз брегот на Оушн Бич.

Учесниците, како и секоја година, трчаа облечени во креативни и колоритни костими, со што уште еднаш му дадоа уникатен карактер на овој спортски и културен настан.

Трката „Беј ту брејкерс“ е позната по својата опуштена и карневалска атмосфера и претставува симбол на духот на Сан Франциско.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.