свет

Од удар на гром на плажа повредени три деца во Порторико

- Деца на возраст од седум до 12 години се однесени во болница во градот Агвадиља, се наведува во соопштението на полицијата

Associated Press  | 28.05.2024 - Обновена : 31.05.2024
Од удар на гром на плажа повредени три деца во Порторико

САН ХУАН (АА) - Плажата во порториканскиот приморски град Исабела вчера за време на невреме ја погоди молња, при што се повредени три деца, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.

Деца на возраст од седум до 12 години се однесени во болница во градот Агвадиља, се наведува во соопштението на полицијата.

Најстарото дете сѐ уште е во тешка состојба, информираше полицијата, не наведувајќи повеќе детали.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın