свет

Нетанјаху со порака за соработка со арапските земји против Иран

„Се случува процес на напредок и нов развој во односите на Израел со повеќе арапски и исламски земји“, рече Нетанјаху

Esat Fırat   | 15.05.2019
Нетанјаху со порака за соработка со арапските земји против Иран

ЕРУСАЛИМ (АА) - Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, истакна дека со арапско-исламските земји се наоѓаат во исти редови против Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Во единство сме во насока на потиснување на агресијата на Иран“, истакна Нетанјаху.

Според соопштението на прес-службата од Кабинетот на израелскиот премиер, Нетанјаху учествувал на церемонијата организирана во Ерусалим (Кудс) по повод првата годишнина од преместувањето на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) од Тел Авив во Ерусалим.

Нетанјаху во своето обраќање на церемонијата истакна дека се случува напредок во нивните односи со арапските земји.

„Се случува процес на напредок и нов развој во односите на Израел со повеќе арапски и исламски земји“, рече Нетанјаху.

Тој нагласи дека се наоѓаат во исти редови против Иран со арапските земји, чии имиња не ги спомена.

„Ние сме во единство со повеќето од нашите арапски соседи, како и со бројни исламски земји кои не се Арапи, во насока на потиснување на агресијата на Иран. Израел, сите земји од регионот и сите земји што сакаат да се обезбеди мир во светот, треба да стојат до САД против агресијата на Иран“, додаде Нетанјаху.

Израелскиот премиер уште еднаш повтори дека треба да се зголеми силата на Израел и укажа на важноста од зајакнување на алијансата на неговата земја со другите земји, пред сè со САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın