свет

На британски министер одземена возачката дозвола на половина година поради пречекорување на брзината

Министерот е снимен додека вози 45 километри на час побрзо од дозволената брзина на автопатот М1 во Нотингемшир

Burak Bir  | 05.04.2023 - Обновена : 06.04.2023
На британски министер одземена возачката дозвола на половина година поради пречекорување на брзината

ЛОНДОН (АА) - Министерот за имиграција на Велика Британија, Роберт Џенрик, доби парична казна и полугодишна забрана за возење автомобил поради пречекорување на брзината, јавува Анадолу.

На Роберт Џенрик му е изречена казна поради прекршување на ограничувањето на брзината во август минатата година.

Министерот е снимен додека вози 45 километри на час побрзо од дозволената брзина на автопатот М1 во Нотингемшир.

За тој прекршок, на Џенрик му е изречена и парична казна во износ од 1.639 фунти.

Тој е член на Парламентот од редовите на Конзервативната партија за Њуарк во Нотингемшир, и министер во Владата од октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.