свет

Најмалку 13 загинати, 13 спасени по превртување на брод со мигранти Рохинџа кај брегот меѓу Малезија и Тајланд

„Очекуваме денес да најдеме уште жртви бидејќи морските струи во областа на потрагата укажуваат дека телата се движат кон малезиските води“, изјави за новинарите првиот адмирал на поморската управа Ромли Мустафа.

Saadet Gökce  | 10.11.2025 - Обновена : 11.11.2025
Најмалку 13 загинати, 13 спасени по превртување на брод со мигранти Рохинџа кај брегот меѓу Малезија и Тајланд

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 13 лица загинаа, а 13 беа спасени откако брод што превезувал десетици мигранти, главно, Рохинџи, се превртил во близина на поморската граница меѓу Малезија и Тајланд, јавува Анадолу.

Според државната новинска агенција Бернама, малезиските власти пронашле седум тела, а тајландските власти извлекле уште шест.

„Очекуваме денес да најдеме уште жртви бидејќи морските струи во областа на потрагата укажуваат дека телата се движат кон малезиските води“, изјави за новинарите првиот адмирал на поморската управа Ромли Мустафа.

Тој додаде дека операцијата за пребарување и спасување е проширена и сега опфаќа повеќе од 250 квадратни наутички милји.

Групата мигранти, според извештаите, тргнала од Мјанмар со голем брод на кој имало околу 300 лица. Подоцна патниците биле преместени на три помали пловила, а едното се превртило. Ситуацијата на другите два брода засега е непозната, пренесоа медиумите во неделата.

Рохинџите, претежно муслиманско малцинство во Мјанмар, со години се соочуваат со прогон, дискриминација, немање државјанство, поради што често бегаат од земјата.

Мјанмар е во состојба на граѓанска војна од воениот удар во 2021 година, при што етничките судири дополнително ја влошија хуманитарната криза.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın